ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар,  ќе одржи нов концерт насловен „FUNK & SOUL”. Публиката ќе има можност да ужива во Funk & Soul звуците на оркестарот и во прекрасниот вокал на гостинката Ана Петановска.

На репертоарот ќе бидат изведени голем број на популарни светски хитови од Ејми Вајнхаус, Арета Френклин, Ренди Крафорд, Херби Ханкок и многу други.

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе девет години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски .

Оркестарот кој некогаш постоел, денес е во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција. Влезници може да се набават на билетарницата во Центарот за култура – Битола.

Не ја пропуштајте оваа можност да уживате во ритмите на Funk & Soul.