Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина лоцирана во центарот на Битола, вечерва во 23:00 часот е регистрирано многу ниско загадување со МП2,5 честичките и средно загадување со МП10 честичките.
Во истото време мерната станица во индустрискиот дел на Битола измери ниско загадување со МП2,5 честичките.
Во останатите градови во Македонија загадувањето е многу ниско, ниско или средно, а високо загадување е регистрирано само во Струмица.













