Вечерва стартува 25 јубилејно издание на Детскиот Музички Фестивал Си-До

Вечерва ќе се одржуви 25 јубилејно издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До. Фестивал од кој досега излегле многу популарни детски песни кои ги пеат и децата и возрасните. Тоа е фестивал кој е музички белег на Битола и кој ја продолжува традицијата на музичка Битола и од кој излегле многу музички имиња.

Годинава 18 песни ќе слушнеме на детската фестивалска сцена на Ракометното игралиште во Битола, од домашни изведувачи. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот а водител на истиот ќе биде Маја Андоновска Илиевски.

Сподели