Вечерва фото изложба на Сашо Ставрев за „Дипломатијата во Битола“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Дипломатијата во Битола“ е фото изложбата на познатиот битолски и македонски фотограф Сашо Ставрев, којa ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Центарот за култура во Битола.

Во најавата за изложбата Ставрев пишува дека поимот дипломатија има различна функција која најчесто е најблиска на зборовите –  уметност и наука. Уметност во смисла на умешност на поединецот да ги применува вештините на комуницирање, преговарање, лобирање, но и наука со
мултидисциплинарни познавања. Во историјата на Битола, втора та половина на 19
– ти век значајно место зазема  периодот на странски дипломатски претставништва или популарно речено  Конзулски период.

Главна и основна задача на дипломатските претставништва им била да ги
застапуваат економските, политичките и стратешките интереси на своите земји.
Отворањетона дипломатските конзуларни претставништве во Битола и пошироко во
Македонија било поврзано со ставот да се продира кон исток, посебно на големите
западни сили, каде се вкрстосувал е противречните економски, политичките и воено
стратешките интереси.

Важноста на Битола особено почнала да се истакнува од 30-те години на 19
-ти век кога станала седиште на големата административна област Румелија, односно
најголемото административно и воено средиште во европскиот дел на Турција –
Румелискиот вилает. За да обезбедат непосредно присуство и влијание во некои
области, големите европски држави барале одобрение од Турција да отворат свои
дипломатски претставништва (амбасади, конзулати, вицеконзулати и агенции).

Присуството на странските дипломатски претставништва во Битола
значело присуство на Европа во овој град.
Ребрендирањето на конзулската традиција во Битола почнува на 25. 10. 1995
-та год. к ога е отворен Почесен конзулат на Р. Франција во
овој град. Тогаш се возобновуваат темелите на конзулатите поставени во 1851 год.
Водени од Виенската конвенција за конзуларни односи, почесните конзули во
Битола во овој период по независноста на државата, промовирајќи културна
дипломатија овозможија да се врати конзулскиот сјај на градот.

Битола има оформен модел на јавна и културна дипломатија изразена преку
почесните конзули во овој град и често именувана како конзулска дипломатија.

Изложбата е во рабките на културното лето Бит Фест.

Share.