ТЕРА

REKLAMA???

„ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ВЕЛИКАНОТ ШЕКСПИР“ ВО БИТОЛА

„Сиот свет е театарска сцена, а луѓето се ништо повеќе од глумци влегуваат на сцена, па излегуваат, и секој еден во животот ќе одглуми многу улоги“, вака зборуваше великанот Шекспир, а Македонско – Британското друштво од Битола по повод датумот на неговиот роденден, 23 април, во КИЦ Офицерскиот дом, организираше пригодно одбележување на настанот насловен „Вечер во чест на великанот Шекспир“.

Тој зборуваше преку своите дела. Иако роден пред неколку векови, (1564) неговите текстови денес се најизведувани драмски текстови во светот. Настанот беше во соработка со учениците од Гимназијата Ј.Б.Тито и беше изведен поетско – сценски настан во кој се изведуваа дела на овој голем книжевен великан. Оваа Шекспирова вечер е дел од глобалниот настан во чест на Шекспировиот роденден.

Учениците на Гимназијата настапија со делови од најпознатите шекспирови драми и сонети и ја пленија публиката со своите рецитации на англиски ишекспировски јазик.