(Видео) Отворена нова градинка во Кравари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во придружба на градоначалничката на Битола Наташа Петровска, во битолското село Кравари отвори нова детска градинка.Станува збор за нов објект со високи стадарди, во кој ќе бидат згрижени деца од 2 до 6 годишна возраст за целодневен престој.

Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна.  За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.
Општина Битола издвои еден милион денари за доопремување на три занимални и тој процес наскоро ќе биде завршен, најави градоначалничката Петровска на свеченоста во селото Кравари.
Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а посебно за градинката целосната ограда во различни бои и апликации од детските анимирани ликови, ја изработија вработените во ФОД Битола.

Share.