(Видео) Ахмети: Го ценам дијалогот за потрага по решение

0
142

По пет часа заврши средбата на државно-политичкиот врв во Клубот на пратеници на која се разговараше за спорот со името. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата рече дека ова бил еден од најплодните состаноци за ова прашање.

„Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. Го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија. Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност“, рече Ахмети.

makfax.com.mk