(Видео) Ахмети е против референдум за името оти ќе се злоупотреби

0
448

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е против организирање референдум за името. Тој вели дека има позитивна атмосфера за решавање на деценискиот спор и прашање на денови е кога јавноста ќе ги дознае резултатите од преговорите.

„Останувам на тоа дека не би било добро да се организира референдум. Сметам дека референдумот може да се девира, да се злоупотреби, од страна на земји, организации, држави кои што не сакаат нашата земја да чекори нанапред кон интеграција во НАТО и во Европската унија. Може да има негативни последици ако се оди на референдум. Јас сум го кажал независното мислење на Демократската унија за интеграција во овој правец за да одиме со постигнување на билатерален договор по примерот на ратификација на добрососедскиот договор со Бугарија. Истиот пример да се употреби и во овој момент“, вели Ахмети.

Тој нагласи дека е информиран за се што се одвива на средбите на кои се разговара за името со цел да се постигне заедничко, прифатливо решение исто како што се информирани и претседателот на државата, премиерот,  министерот за надворешни работи и шефот на опозицијата по петчасовната средба на која разговараа за името.

makfax.com.mk