ТЕРА

REKLAMA???

ВИДЕО: ВО НОВАЦИ СЕ ОДРЖА ФЕСТИВАЛОТ НА ЖЕТВАТА

Викендов во Новаци се одржа Фестивалот на жетвата.

Годинава беше по трет пат, а идејата како што вели првиот човек на општината била да направи една симбиоза на целокупната ситуација и живеењето на луѓето во ова подрачје.

Нивата, жетвата, земјоделките работи беше и темата на театарската претстава, интерактивна со најмалите. Оттука и прашањето до градоначалникот Стевановски колку младите се интересираат за земоделието.

Општината овој фестивал го организира со поддршка на Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство. На вториот ден од фестивалот дојде и министерот Трипуновски. Тој рече дека како министерство ваквите настани ги финансираат во секоја општина со цел промоција на локалниот туризам, на економсиот развој. А, за в година најави повеќе финансиски средства како поддршка на манифестацијата.

Трипуновски ги посети штандовите, механизацијата, фирмите кои овде беа два дена на оваа манифестација.

На фестивалот беше премиерно изведена песната „Новаци“, чиј композитор е Злате Ангелевски, текстот на Валентин Соклевски, а во изведба на Ленче и Горан Кукиќ.

На првата вечер пред гостите настапија Спасен Силјановски, Стојне Николова и Динамик бенд, а на втората фестивалска вечер Горан и Ленче Куќиќ и К4 бенд.

Пред нивните настапи и во двете вечери имаше и детска програма.