(ВИДЕО) Ексалација во Хонг Конг: Обединетите нации повикаа на воздржаност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Судири синоќа имаше на аеродромот во Хонг Конг, а ОН повикуваат на воздржаност.

Демонстрантите се судрија со полицијата на меѓународниот аеродром во Хонг Конг, откако летовите се прекинати втор ден по ред, втурнувајќи ја поранешната британска колонија подлабоко во немири, пренесе Ројтерс.

Неколку полициски возила биле блокирани од демонстрантите, полицијата влегла внатре и ги туркале демонстрантите назад користејќи лут спреј.

Демонстрантите, исто така, барикадирале некои премини на аеродромот со колички за багаж и други предмети.

Судирите избувнале вечерта помеѓу полицијата и демонстрантите, откако повредено лице од главниот терминал е изнесено од страна на медицински лица.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права го повика Хонг Конг на воздржаност и да ги испита доказите за употребата на солзавец на демонстрантите од страна на полицијата на начини забранети со меѓународното право.

Share.