ВИДЕО: Елмас и Наполи убедливо поразени во Бергамо

Наполи нанижа уште еден пораз во Серија А, овој пат кај директниот ривал за пласман во топ 4, загубија со 4-2 од Аталанта, Елмас беше статер но брзо во второто полувреме беше изваден од игра.

Резултатот го отвори Запата во 52. минута од мечот, веднаш потоа Елмас беше изваден од игра а на негово место влезе Инсиње. Пет минути подоцна Зиелински изедначи на 1-1, но веднаш следуваа погодоци на Госенс и Мурел за водство на Аталанта од 3-1.

Госенс во 76. минута ја затресе и сопствената мрежа и го врати Наполи во игра, но Ромеро три минути подоцна ги постави конечните 4-2.

Сподели