ВИДЕО: Еурофарм не се предава против вицешампионот Металург

0
358

Со прес-конференција во клупските простории РК Еурофарм Работник денес го претстави дерби натпреварот од третото коло на плеј-офот на шампионатот на Македонија, утре попладне против Металург.

На средбата со новинарите зборуваа тренерот Илија Темелковски и ракометарите Горан Крстевски и Горан Кузманоски. Тие ја искажаа мотивираноста на екипата, по победата над Пелистер, да слават и над Металург.

Спортскиот директор на клубот, Бојан Стефановски обелодени дека целиот приход од натпреварот против Пелистер ќе биде дониран во педијатриското одделение при Клиничката болниц во Битола. Натпреварот почнува в сабота од 18.30 часот.