(Видео) Заев со детали за лидерската средба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Договор за Јавното обвинителство пропадна бидејќи опозицијата побара сите предмети од СЈО да се префрлат во обвинителство со кое ќе раководи човек на предлог од опозицијата, рече денеска премиерот Заев на прес конференција во владата.

Премиерот Зоран Заев кажа дека иднината на предметите на СЈО е осигурана, а осигурана е иднината на обвинителите кои досега работеа во СЈО.

„Иднината на предметите и осигурана, иднината на обвинителите е осигурана. Предметите се предаваат во Јавното обвинителство кај државниот обвинител и тој ќе ги распореди. Обвинители од СЈО, 10-те кои беа таму се враќаат секаде од каде што дошле. Секој од нив е потенцијален да води предмети. Решение има за сѐ. Може платите нема да им бидат какви што им биле досега, но нивната иднина е обезбедена“, рече Заев.

Share.