ТЕРА

REKLAMA???

ВИДЕО ЗАПИС ЗА „ЗАСЕКОГАШ ТВОЈА“ НА МАРИЈА ЦВЕТАНОВСКА

Младата и талентирана Марија Цветановска го промовираше видео записот за песната „Засекогаш твоја“. Таа има 18 год и со пеење се занимава од  свои 8 години. Годинава ја  започна и својата соработка со познатиот композитор Григор Копров, кој воедно е автор на нејзината нова песна „Засекогаш твоја“.

Песната беше создадена за потребите на настапот на Марија на фестивалот „Охрид Фест 2022“ на кој  оваа млада пејачка ја добива и наградата за најдобра интерпретација. На музиката од Григор Копров, аранжман на песната направи  Владимир Дојчиновски, а текстот го напиша Огнен Неделковски. За видеото се погрижи Виктор Апостоловски, а дрон камерата ја управуваше  Саше Богоевски, додека машката главна улога во видеото ја има Симеон Тасев.

Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола, Ресен и Преспа.