ВИДЕО: Импресии на „фармацевтите“ по виенската ждрепка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако ги дознаа противниците во групната фаза на ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник ги искажаа своите импресии за ТЕРА ТВ.

Ѓорѓе Чирковиќ – тренер на РК Еурофарм Работник

Мојот прв впечаток е дека добивме поволна група, бидејќи сите знаeме дека можевме да се судриме со многу помоќни екипи, но тоа не значи дека ќе ни биде лесно. Хановер оваа сезона игра одлично во Бундеслигата, Татабања е предводена од унгарскиот селектор и пред извесен период го совлада Веспрем, а исто така и Нексе во одлично светло се претставуваа оваа есен и му прави проблеми на ППД Загреб во домашниот шампионат.

Филип Кузмановски – ракометар на РК Еурофарм Работник

Со моето доаѓање, мислам дека Еурофарм Работник чекори кон вистинскиот пат. За овој клуб се одлучив не за да играм во македонскиот шампионат, туку квалитетите да ги покажеме на европска сцена. Со победите над Берн мислам дека го заслуживме овој пласман. Сега, без разлика какви ќе бидат плановите на управата, наше е максимално да им се посветиме на подготовките за овие натпревари. Некои очекуваа потешка, а некои полесна група, но тоа не треба да нè оптоварува, треба да мислиме само на нашата игра.

Share.