ВИДЕО: Кит проголта Американец, но за среќа и го исплука

Неверојатна случка ги полни медиумите во САД. 56-годишниот Мајкл Пакард бил проголтан од страна на грбав кит и бил во него речиси цела една минута, пренесува Cape Cod Times.

Пакард, ловец на јастози во Кејп Код, Масачусетс опишува дека почувствувал дека нешто го турка и следното што го видел бил целосен мрак. ,,Се чувствував како се движам и го чувствував китот како ги стиска мускулите во устата.“

Иако мислел дека ќе умре сепак имал неверојатна среќа бидејќи по околу 40 секунди, китот го плукнал назад во океанот:

Прочитајте и: Црна Гора очекува македонски туристи летово

„Видов светлина и китот почна ја затресе главата и тогаш бев надвор, во водата.“

Тој додаде дека неговата прва мисла е дека не можел да верува дека излегол жив од таа ситуација, а следната дали и колку е повреден.

Сподели