Видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Грчката противпожарна служба објави видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35). Тие загинаа вчера на врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, по пад во бездна.

Според информациите што ги објавија грчките медиуми, нивните тела биле пронајдени на оддалеченост од 30 метри.


Тие биле дел од група од 50 планинари, но по некое време се одвоиле од другите планинари. Грчките медиуми објавија дека временските услови биле лоши – дувало силен ветер и имало магла. Планинарите, по телефонскиот сигнал, биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на другите планинари што ја искачувале планината кога забележале дека Велевска и Миновски ги нема во групата. Во потрагата биле вклучени 13 спасувачи, 3 возила и еден хеликоптер.

24 часовната битка на спасувачките екипи заврши со трагичен крај, откако по долгата борба со времето и лошите временски услови успеале да ги лоцираат нивните мобилни телефони на надморска височина од 2.524 метри во непрооден дел од планината меѓутоа Калина и нејзиниот пријател не давале знаци на живот. Планинарите исчезнале вчера околу 14 часот и 30 минути, а грчката противпожарна служба веднаш била и известена и започнала со својата потрага.

Тим од седум обучени лица за спасување на планина од Битола, трагаше по двајцата македонски планинари кои беа пријавени како исчезнати на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан.

 

Share.