ВИДЕО: Од свеченото отворање на „Војдан Чернодрински“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје, во Прилеп беше отворен 54.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Наградите за животно дело годинава им припаднаа на режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.

Фестивалот за отворен го прогласи заменикот министер за култура, Владимир Лазовски.

На годинешното 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, во официјалната програма ќе бидат прикажани 8 претстави. За прв пат на Фестивалот, можност да гласа ќе има и публиката, а на претставата која процентуално ќе собере најмногу гласови, Општина Прилеп ќе ѝ додели награда.

Истовремено, после подолга пауза на фестивалот се враќаат и „тркалезните маси“, кои ќе се одржуваат веднаш после завршувањето на секоја од претставите во официјална конкуренција.

На свеченото отворање, прилепската публика ја имаше ретката можност да присуствува на концертот на Влатко Стефановски.

Share.