ВИДЕО: Приказната за големото знаме на Партизан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На стадионот во Црнобуки, силите ги одмерија екипата домаќин и ветерани од „Партизан“ кои дојдоа на меморијалниот натпревар во чест на Трајан Кочишки – Куљата.

Црнобуки загуби од Партизан со резултат 4:7.

Партизан, предводен од Горан Кадениќ и Небојша Вучичевиќ, дојде во Битола на иницијатива на Тодорче Кочишки, претседател на ФК Црнобуки ЗЛ. Натпреварот се одигрува на годишнината од смртта на неговиот татко Трајан Кочишки-Куља, верен навивач на Партизан и член на битолските „Гробари“, кои го изработија најдолгото навивачко знаме во Битола, а воедно и едно од најголемите поставено на стадионот на ЈНА во Белград.

„Татко ми беше голем љубител на фудбалот, а последните неколку години кога се реорганизираше клубот во Црнобуки беше комесар за безбедност. За жал, не го виде најголемиот успех, пласманот во Третата лига-Југозапад. Беше голем навивач на Партизан и од мали нозе нѐ воспитуваше заедно со брат ми да го сакаме фудбалот“, раскажува Тодорче Кочишки.

Знамето кое го изработиле во 1970-те било долго 171 метар. Адвокатот и голем навивач на Партизан Емил Главичне раскажува дека знамето било сошиено во фабрика каде директор бил „звездаш“.

 

 

„Знамето се состоеше од црна и бела боја, симболите на Партизан. Платното го порачавме преку тогашниот директор на свиларницата ‘Хрони‘. Купивме крепсатен бел и црн и го дадовме да се шие во трикотажата ‘Пелистер’ во подружницата во Цапари, чиј директор беше тврдокорен навивач на Црвена звезда. Тој не сакаше никој да го фати и сработи тоа знаме. Меѓутоа, ми беше пријател и по налог на директорот на свиларницата, се соши знамето“, раскажува Главинче.

Бидејќи било многу долго, морале да го носат на ливади во околината на градот, каде можеле да го распостелат и да напишат „Верни навивачи на Партизан Битола“.

На теренот во Ценобуки беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Каевски, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, претставници на ФК Партизан, градоначалничката на Битола Наташа Петровска и легенди на македонскиот фудбал.

 

Share.