ВИДЕО: Раша Тудеј емитуваше изјава од Талески за предметот Транспортер

0
1836

Руската видео агенција која е дел од телевизијата Раша Тудеј емитуваше видео и изјава од поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески од пред Кривичниот суд во Скопје.

Аагенцијата пишува дека средата во Скопје во Основниот суд се одржа рочиште за предметот Транспортер на СЈО за проневера на пари. Се наведува дека во тек се и повеќе предмети кои се водат против македонски официјални личности, вклучувајќи го и поранешниот премие на Македонија Никола Груевски.

 

 

Во Кривичниот суд како што веќе информиравме во средата почна главната расправа по предметот „Транспортер“ каде обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 360.000 евра.

На рочиштето обвинителите на СЈО имаа воведен говор, во кој рекоа дека ќе докажат како обвинетите склучиле договори без запазување на постапката за јавна набавка на неоснована висина и износ и на незаконски начин. Од СЈО рекоа дека очекуваат осудителна пресуда.

Адвокатите на обвинетите рекоа дека состојбата со превозот е слична или иста во цела Македонија и оти ќе покажат од кои причини обвинетите немаат сторено кривично дело. Според одбраната, во Битола превозот на учениците не само што бил законски организиран, туку и спроведен по пониска вредност по ученик во однос на други градови во државава.

Расправата се води од почеток поради промена на судечкиот совет.