Видео спот за „Чудни места“ на Билбилов

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот музичар Роберт Билбилов, кој по подолго време се појави на сцената на штипски Макфест со неговата најнова песна насловена „Чудни места“ чиј што музика и аранжман се негови, а текстот е на Робин Зимбаков. Деновиве на социјалните мрежи го промовираше и видео записот за истата.

„Љубовта навистина е најголем двигател, и сите се обидуваме да ја искажеме и дефинираме на сопствен начин и затоа некојпат трошиме премногу зборови, па изгледа банално. Сепак сите имаме право на тоа, „Чудни места“ со спојот на музиката, зборовите и интерпретацијата, веројатно успеа, со малку да каже и допре многу. Тешко се објаснува како се раѓа и интерпретира музика која доаѓа некаде длабоко од потсвеста и душата, и затоа да оставиме таа да зборува сама за себе и секој на свој начин, со сопствено искуство да ја доживее.

Видео записот е дело на Зоран Зонде Стојановски, а во него покрај Роберт Билбилов се појавува и шармантната Росана Стефанова.

Share.