ВИДЕО: Швајцарката Гут-Бехрами златна на супервелеслаломот на СП

Лара Гут-Бехрами победи во денешната трка во Супер-Џи на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во италијанското зимско одморалиште – Кортина Д’Ампецо .

Швајцарката оствари време од 1:25.51 минута или за 34 стотинки побрзо од сонародничката, Корин Зутер, која го обезбеди сребрениот медал. Бронзата и припадна на Американката Микаела Шифрин.

 

Трумфот на Гут-Бехрами и го донесе првиот медал на Швајцарија на Светските првенства по пауза од цели дваесет години.

Сподели