Видимче на средба со заменик амбасадорот на Јапонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Заменик Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија  Хидеаки Мачида беше во посета на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На оваа прва посета во Пелагонискиот регион, заменик амбасадорот заедно со раководителот на ЦРППР Гого Видимче разговараа за тековните проекти финансирани од страна на Јапонска Амбасада во Пелагонискиот регион и нивната имплементација, конкретно за проектот: “Превенција од поплави во Пелагонискиот регион – зајакнување на регионалните капацитети”, кој беше одобрен како грант од страна на Јапонската Амбасада во РМ кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во 2017 година.

Во рамките на тој проект се набави ровокопач-натоварувач кој ЦРППР им го дава на користење на општините од Пелагонискиот регион со цел чистење на канали за превенција од поплави. Овој проект беше оценет како нај иновативен проект и како прв од ваков тип во Република Македонија претставува позитивна приказна на вистински регионален проект, каде повеќе општини се директни корисници на еден грант а процесот е успешно менаџиран од страна на ЦРППР.

Во рамките на средбата се оствари теренска посета во Крушево каде во моментот е даден на користење ровокопачот, на кој заменик амбасадорот направи увид како и за што се користи доделениот грант.
Овој проект е втор одобрен грант од страна на Јапонската Амбасада кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Успешната имплементација на овие проекти претставуваат можност за продолжување и зацврстување на соработката на Јапонската Амбасада во РМ и ЦРПРР и во иднина.

Share.