Визата на Меланија Трамп го разбесни светот

0
1143

Општо е познато дека Меланија Трамп, родена Кнаус, се преселила во САД од Словенија како модел и таму го запознала тогашниот тајкун, а денес претседател, Доналд Трамп. Но, малку е познато дека постојаната дозвола за престој ја добила врз основа на визата за имигранти со „извонредни способности“, колоквијално позната како „Ајнштајнова виза“.

Општо е познато дека сегашната прва дама, Меланија Трамп, дошла од Словенија во САД како манекенка и таму го запознала денешниот претседател, Доналд Трамп. Но веројатно не сте знаеле дека се стекнала со дозвола за постојан престој преку визата за имигранти со “извонредни способности” позната како “Ајнштајнова виза”.

За оваа “скокотлива” тема деновиве пишуваше Вашингтон пост, а потоа и останатите американски и светски медиуми. Дали е на повидок нов скандал со оглед на политиката на нулта толеранција кон имигрантите на Трамп?

Имено, визата EB-1 е предвидена за доселеници кои се успешни и уживаат “траен национален или интернационален престиж” во своето поле – без разлика дали станува збор за претприемачи, наградувани уметници или спортисти.

Според биографијата на Меланија Трамп, објавена на официјалната страна на Белата куќа, таа ги “паузирала” своите студии.

Колку тешко се добива оваа виза покажува и податокот дека во 2001, кога истата ја добила Меланија, само 0,34 проценти од доселениците кои добиле зелена карта ја добиле преку ЕB-1 програмата.

Меланија влегла во САД со туристичка виза, неколку пати добивала HB1 виза за високо квалификувани имигранти, а потоа го запознала Трамп и две години подоцна ја добила ЕB-1 визата.

Приказната не завршува тука, родителите на Меланија добиле зелена карта благодарение на нејзината “ајнштајнова виза”, на темелите на правото на ланчана миграција, онаа на која Трамп денес жестоко се противи.

Адвокатот на Меланија тврди дека првата дама била квалификувана “повеќе од доволно” за EB-1 програмата. Како што можеше да се очекува, корисниците на социјалните мрежи не се сложија со неговата изјава.

alsat-m.tv