Викендов врнежливо и опаѓање на температурите

0
215

Времето денес претежно облачно, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните подрачја умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.