Викендов со дожд и снег

0
469

Утрово најстудено со -2 степена во Берово, -1 Скопје Петровец, 0 Кр. Паланка, Струмица, 1 Скопје, 2 Лазарополе, Гевгелија, 3 Д. Капија, Штип, Битола, Маврово, Куманово, 4 Виница, Тополчани, Ѓуриште, 5 Прилеп, Тетово, 6 Претор, Пожаране, Дојран, 7 Охрид, 8 Дебар.

Во источните делови има умерена облачност, а на запад со мала облачност. На повисоко дува југоисточен ветер. Во Скопско преку целата ноќ, а и утринава има поинтензивна магла.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, наутро по одделни котлини со појава на магла. Претпладне од запад ќе се прошири облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови и особено на северот засилен јужен ветер. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб дожд. Температурата во интервал од 9 до 15 степени.

Под влијание на нов влажен бран утре од пладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места особено на запад и на север. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат. А од почетокот на работната недела утринските температури ќе се под нулата.