Викендов со дожд

0
299

Времето денеска умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локалени врнежи од дожд.Врнежите ќе бидат со слаб а во западните планински предели со умерен интензитет.Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 13 до 21 степен.

Утре променливо облачно со засилен повремено силен јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневните температури на воздухот. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во ноќните часови на повисоките планини ќе има повремен снег.

Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.