Викендов стабилно и суво со ниски утрински температури

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

До утрово до 7 часот најмногу снег 95 сантиметри во Маврово, 57 Пожаране, 50 Попова Шапка, 48 Лазарополе, 44 Дебар, Крушево, 38 Тетово, 35 Битола, 34 Охрид, 32 Тополчани, 27 Ѓуриште, 25 Претор, 17 Скопје, 15 Прилеп, 14 Куманово, 12 Скопје Петровец, 11 Струмица, 10 Штип, Д. Капија, 9 Берово, 8 Гевгелија.

Утрово најстудено со -8 беше во Крива Паланка, Маврово, Скопје, Петровец, Крушево, -6 Струмица, Лазарополе, -5 Тетово, Куманово, -4 Прилеп, Штип, Берово, Дебар, -3 Д. Капија, Охрид, Скопје З. Рид, -2 Претор, Битола, 1 Гевгелија, .

Денеска перетпладне ќе има зголемена облачност во поголемиот дел од земјата и во западните делови појава на слаб снег. Од пладневните часови облачноста ќе се намалува и особено на исток и североисток ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до
-15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Share.