Викендов студено, в понеделник со снег

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утрово најстудено со -15 степени беше на Попова Шапка, -13 Берово, -10 Штип, Крушево, -9 Маврово, Лазарополе, Струмица, -8 К.Паланка, -7 Охрид, Д.Капија, -6 Пожаране, Тополчани, Битола, Ѓуриште, Виница, Дебар, -5 Тетово, Прилеп, Скопје-Петровец, -4 Претор, Скопје-З.Рид, Куманово, -2 Дојран, 0 Гевгелија.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини претпладне со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

И утре ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе застапени во западните и северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Share.