Виктор Апостоловски со песна за Битола

0
3829

Виктор Апостоловски деновиве во Битола, го снима најновиот видео запис, за песна посветена на својот град.

Дел од кадрите се снимани на битолскиот Баир, дел на шеталиштето, паркот и скејт паркот. Во видеото се вклучени и дел од препознатливите битолски фаци.

-Периодов многу млади се исселуваат од државата трагајќи по своето подобро утре. Битола можеби има и негативни страни, но пред се има позитивни, тоа сакав да го порачам преку песната -вели Виктор.