Виртуоз на канон и саз, композитор и педагог Џенгиз Ибрахим

Џенгиз Ибрахим е виртуоз на канон и саз, композитор и педагог. Уметник кој со своето музицирање на сцена ја воодушевува публиката. Мајстор на скоро сите источни жичени инструменти. Со него се сретнавме на првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историјата во Преспа „Преспаленд 2021“. Го прашавме како започна неговата приказна и од каде инспирацијата и колку денеска младите се заинтересирани да научат да свират на канон и саз?

Џенгиз Ибрахим зад себе како инструменталист има бројни настапи во земјава и во странство, соработувал со многу познати музички имиња, има компонирано музика како за  театарски претстави, така и за балет.

Сподели