Високо загадување и во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Загадувањето во Македонија урива рекорди. Претпладнево во Битола во 11 часот мерната станица во центарот на Битола покажа многу високо загадување со ПМ2.5 честичките и високо загадување со ПМ 10. Во истото време во индустрискиот дел на Битола ниско загадување со ПМ 10 честичките. Таму не се мерат ПМ2.5.
И во Скопје загадувањето во тој период беше високо, а најзагадени градови денеска во 11 часот беа Битола и Тетово.
Еден час потоа, односно во 12 часот загадувањето во ценатарот на Битола повторно беше многу високо со ПМ 2.5 честичките, високо со ПМ 10 честичките, а ниско загадување во индустриска Битола.
Општината засега без препораки, заради фактот што нема надминувања во два последователни дена. Последните надминувања се од полноќ, кога и едната и другата мерна станица покажуваа одредени надминувања. Поголемо е тоа во центарот на Битола.

Во Скопје стапија на сила мерките, а ние денеска пренесуваме неколку лекарски совети како да се однесувате во вакво време.

-Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

– Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

-Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

– Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација.

– Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

– Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

– Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.

Share.