Висок водостој на Црна река во демирхисарскиот регион

0
966

Во општините Битола, Могила и Новаци, има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во општина Крушево, во атарот на с.Бучин, нивото на река Црна е со тенденција на опаѓање. По текот на реката од с.Света кон с.Бучин, сеуште има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.

Во општина Демир Хисар, водостојот на р.Црна е висок. Има излевања и поплавени се земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света.