Вицепремиерката Шекеринска во посета на РЕК Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во посета на РЕК Битола.

Раководството на комбинатот ја информираше дека заврши првата фаза од постапката за избор на изведувач за реконструкција на електростатските филтри.

 

Од девет заинтересирани компании во втората фаза продолжуваат седум и се очекува во идниот период да биде избран изведувачот на работите.

Целта на реконструкцијата е да се намали емисијата на прашина до максимум 20 микрограми на метар кубен.

Вицепремиерката беше придружувана од министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, со кој пак РЕК Битола планира во идниот период проекти за рекултивација на почвата.

Share.