Владата го демантира Ројтерс

0
207

Од Кабинетот на претседателот на Владата реагираат во врска со интервјуто на премиерот Зоран Заев за Ројтерс. Во соопштението реагираат на, како што велат, погрешната интерпретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со Заев во која се наведува дека „Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името”. Во соопштението од Владата велат дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц.

„Тоа значи дека тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија”, стои во соопштението.

Од Владата реагираат и за делови од интервјуто, преземени од страна на некои медиуми, во кои се пренесува, како што наведуваат во соопштението, дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во Уставот”. Од Кабинетот на Заев велат дека тој нема искажано таков став во интервјуто за Ројтерс.

„Во врска со делови од интервјуто на премиерот Заев за агенцијата Ројтерс преземени од страна на некои од македонските медиуми, и во кои се пренесува дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во уставот”, Кабинетот на Претседателот на Владата на Република категорично тврди дека премиерот Заев нема искажано таков став во интервјуто за Ројтерс. Наместо тоа, премиерот Заев на прашање на новинарот на Ројтерс одговара дека Република Македонија е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалеку, бидејќи тоа е многу тешко прашање. Во продолжение на разговорот на оваа тема премиерот Заев додава дека „останува отворено прашање дали постои ‘вистинска потреба’ за промена на Уставот на Република Македонија, нешто што Грција го бара последниве месеци”. Исто така укажуваме и на погрешната интерпретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со премиерот Заев во која се наведува дека „Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името”, се вели во реакцијата на Владата.

Јавноста во Македонија, и во светот, знае дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц, кој во име на Обединетите Нации, посредува во разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција.

Тоа значи дека тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија., додаваат во владиното соопштение.