Владата за 27.550 евра ќе го сервисира мерцедесот за кој Груевски беше осуден

0
798

Владата на оглас бара фирма која ќе го сервисира мерцедесот од 580.000 евра, а за чија што набавка неодамна на две години затвор беше осуден екс премиерот Никола Груевски, а помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци.

Проценетата вреднос за сервисирање е 27.550 евра, а огласот на сајтот на Бирото за јавни набавки го објави Службата за општи и заеднички работа на Владата.

-Сервисирање на моторно возило марка MERCEDES BENZ тип S 600 – BLIND, во периот од 12 месеци, пишува во огласот.

fokus.mk