Владата негира дека пропаднале преговорите

0
1642

Денеска премиерот Заев избегна да одговори на прашањата на новинарите поврзани со преговорите за името.

Претходно од неговиот кабинет, беше испратено соопштение како реакција на вчерашниот текст во српскиот магазин „Курир“ кој објави дека преговирте помеѓу Македонија и Грција пропаднале, бидејќи не бил постигнат компромис.

„Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име“, велат од Владата.