Владата очекува чиста препорака од EK

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на државава кон ЕУ, вицепремиерот Бујар Османи е оптимист дека Македонија ќе добие најпозитивен извештај досега. Тој очекува документот да содржи чиста препорака за почеток на преговорите за членство. Османи истакна дека Брисел позитивно ја оценува имплементацијата на “Планот 3-6-9”.

“Она што ме импресионираше беше констатацијата и впечатокот кај луѓето од ЕУ, како да станува збор за друга земја. Имплементацијата на Планот ги надмина најоптимистичките очекувања. Планот е реализиран над 90% од предвидените мерки за овој период” изјави Бујар Османи -вицепремиер за европски прашања.

Share.