Владата се сомнева на криминал со имотот на МЕПСО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ревизорскиот ивештај за МЕПСО за 2016 година, кој Владата го усвои на вчерашната седница, ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство поради одредени индикативни наоди.

-Има одредени наоди поради кои Владата вчера донесе одлука и заклучи дека овој ревизорски извештај ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство со цел овие индикативни наоди да се проверат дополнително и дека доколку Обвинителството смета дека има простор за некакви постапки, да ги започне, изјави на владиниот портпарол на денешната прес-конференција.

Share.