Владиката Петар за Тера: Имаше недоразбирање, но работите се средија и можам да патувам

0
718

Пред малку Фокус објави дека владиката Петар е задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиската полиција.

Во телефонски разговор за Тера телевизија митрополитот Петар вели дека имало одредени недоразбирања и си го повикал неговиот адвокат, по што како што рече проблемот е решен и може слободно да отпатува.

Други детали не сакаше да соопшти, упатувајќи не кај неговиот адвокат Љубомир Михајловски-Џанго.