Владика Наум: Очекуваме заедничко сослужение на светата литургија со Црквата-мајка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Следниот чекор е заедничко служење на светата литургија со што заедно во пракса ќе ја исполниме одлуката на БПЦ со која таа прифати да биде црква мајка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, истакна струмичкиот митрополит Наум во интервју за бугарската агенција БГНЕС прашан за тоа кои се следните чекори меѓу двете цркви.

– Ако двете цркви заедно не служат света литургија, тогаш каков и да има договор меѓу нив или еднострани дејствија тие нема да имаат смисла, ниту содржина. Нашата црква и сега е многу благодарна на БПЦ за крстот кој го презеде со одлуката да не претставува, да се застапува за нас и да ни помага да бидеме дел од православниот свет. Но, смирено чекаме тој крст да ни донесе воскресната радост од заедничкото причестување со светите Христови тајни од еден ист путир. Ние очекуваме овој заеднички чекор да се случи многу скоро. Деновиве испративме писмо до неговата светост патријархот Неофит со братски повик за заедничко служење на светата литургија, вели митрополитот струмички Наум.

– Последниот збор се разбира ќе го има вселенскиот патријарх Вартоломеј – таков е редот во Православната црква. Колку што ми е мене познато и тоа е сосема нормално, вселенскиот патријарх неуморно работи на единството на една света соборна и апостолска црква – тоа е неговата основна задача. Ние веруваме, но и гледаме дека се што се прави во Православната црква во согласност со оваа задача е истовремена радост и утеха, преку светиот дух, и за самиот вселенски патријарх Вартоломеј, рече митрополитот Наум на прашањето од БГНЕС дали е запознат со информацијата дека Вселенската патријаршија гледа позитивно на барањето на МПЦ-ОА БПЦ да биде нејзина црква мајка.

a1on.mk

Share.