Владимир Симоновски ја претстави својата изложба Рудименти

Рудименти, беше насловот на изложбата на авторот Владимир Симоновски, која љубителите на уметноста имаа можност да ја погледнат во Центарот за култура.

Симоновски е роден 1974 во Битола. Ликовна Академија завршил на отсекот вајарство. Бил дел од изложбите: Vernissage, Transform, Art Muse, Графичкото триенале Битола и други. Тука се и неговите самостојни изложби во Битола, Прилеп, Кавадарци, Струга, Скопје. Ги добил наградите: 4 то ноемвриската, наградата на град Битола, за исклучителни достигнувања во областа на ликовната уметност, Почесната награда за придонес во светското графичко творештво, Награда на МТФ.Прилеп, за најдобар визуелен материјал за претставата Планетата Јов.

Соработувал како сценограф со режисерот Лука Кортина.

„Рудиментите, не се ништо друго, туку тивка молитва што патува низ бескрајот на тишината. Ќе не биде или не-? Дојде часот и за ова прашање, кое одекнува од Адам и Ева па се до темните ходници од некогашниот Битолски театар, во подземјето на далечните гласови, кои Владимир Симоновски ги преобразува во овие времиња на долги ноќи“, напиша во каталогот Владо Ѓорески.

Во создавањето на изложбата помогнаа Центарот за култура Битола, техничка соработка Жиров Димитар, техника Горан Јованов, светло Никола Ѓоргиевски, тон мајстор Милчо Неделковки, комјутерска подготовка и дизјан Тодор Ѓорески.

Неда Маретиќ

Сподели