Настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети на тема „Социјалниот дијалог на локално ниво“ во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, а финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, на заедничка маса ги собра сите чинители и поттикнувачи на социјалниот дијалог во Република Македонија.
На панел дискусиите се разви дискусија од страна на претставниците од Министерството за труд и социјална политика, Меѓународната организација на трудот, Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на работодавачи и претставници на Локалните економско- социјални совети (ЛЕСС).

Средбата на која присусвуваа 42 учесници се одржа како дел од прокетот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“.
Присустните во името на организаторот, МКЦ- Битола, ги поздрави извршниот директор Златко Талевски кој посочи дека средбата е одлична можност за размена на мислења, презентација на добри практики и унапредување на соработката меѓу чинителите на социјалниот дијалог. Тој истакна дека МКЦ Битола како граѓанска организација има улога да поттикне дијалог за важни општествени и социјални прашања.
Во земјава постојат 15 Локални економско-социјални совети, најголем дел отворени со средства од меѓународни прокети.

Мери Нашоку од МКЦ Битола, координатор на проектот, рече дека соработуваат со осум општини, сите ги исконтактирала за средбата, дополнително испратила покани до други општини и ЛЕСС кои не се вклучени во проектот, тие се одзваа на поканата и зедоа учество на настанот.
„Доколку има пасивни ЛЕСС и членови кои не се појауваат и не се активни, многу тешко оди постапката да се заменат и да се направи функцонален совет. Нашата улога е да се обноват мандатите на членовите и да ги поттикнеме локалната самоуправа и градоначалниците да го сфатат посериозно ова тело. Наидовме на позитивни реакции на градоначалниците од некои општини, а некаде пак каде добро функционирало ова тело сега нема интерес од страна на градоналниците и секретарите“, рече Нашоку.
Во втората панел дискусија „Практиките на социјалниот дијалог на локално ниво: улогата и предизвиците во развојот на Локалните економско-социјални совети“ беше презентирана работата на Локалните економско- социјални совети од Битола, Струмица, Куманово, Ресен, Штип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево.












