ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ВО БИТОЛА ЕВАКУАЦИЈАТА НА СДСМ НЕ ЗАПИРА

На прес конференција во битолската ВМРО ДПМНЕ беше кажано дека, како што рекоа во Битола евакуацијата на СДСМ не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции.

„СДС пред заминување не запира да ги понижува битолчани и дрско и безобразно им се оддолжува на своите гласноговорници, кои постојано изнесуваат лаги и манипулации од говорницата во Советот или на прес конференции.

Така, лицето Ивона Трифунов, во последно време позната како “креатор” на невистини и бесмислени прес конференции пред големиот пораз ја вдомуваат во Клиничка болница, како референт за кадровски работи, а за сопругот на новопечената политичарка и советничка, Мирјана Ралевска – Кире Ралевски обезбедуваат работно место како магационер во ученичкиот дом Мирка Гинова, каде и без тоа врие од криминал и злоупотреби, од страна на нивната директорка.

СДС, со секој изминат ден се се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа остана да се занимаваат само со вакви ситни вработувања – без никаков обзир кон тоа што му е обврска како власт.

Затоа ситуацијата е ваква каква што е – очајна, а изгубените СДС, чираци на ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок која има само едно единствено име – епски пораз на претстојните избори“ рече портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Ангела Здравковска.