ВМРО ДПМНЕ: Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со реакција денеска се огласи опозициската ВМРО ДПМНЕ за како што велат дипломатското фијаско на СДСМ.

„Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско.

Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа.

Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари.

Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак“ рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Share.