ВМРО ДПМНЕ за Копанки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Решението издадено од Општина Битола, а потпишано од Петровска со кое се одзема правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки е врв на лагите и лицемерието на Петровска и актуелното раководство на СДСМ во Битола. Битолчани по кој знае кој пат повторно се излажани од СДСМ и Петровска. Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом Копанки се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, ретседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Битола.

Share.