ВМРО ДПМНЕ за проектите за Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битола конечно и дефинитивно е приоритет на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, по победата на 12 април, вака денеска рекоа на прес конференцијата во ВМРО ДПМНЕ.

„Битола, се поврзува со нов автопат со Скопје, Битола конечно добива и нова пруга со Грција. Идната опозиција – СДСМ, до сега во овие три години потврди, дека ништо не направи и не умее со капиталните инвестиции во Битола, а иако ветуваа во нивното владеење поинаков статус за Битола, од најградскиот и најубавиот град направија место кое, за жал, сакаат да го напуштат и тие што останаа во него.
Потребна е Вашата поддршка, почитувани граѓани на Битола, потребен е силен активизам, конечно Битола да ја направиме достоинствен град и пристојно место за живеење.

Потребна е поддршка на новиот пристап и новите генерации во политиката, сега е време да се поддржат политичари кои зборуваат за одговорност, отчетност, реални проекти, правда, принципи и обнова. Политиканството е завршено – Вие, граѓаните сте вистински и реални наши партнери, врз Вашите потреби ги предлагаме проектите, со Вашето силно сојузништво и влегуваме во нивна реализација.

Вие, граѓаните на Битола, заслужувате вистинско зголемување на платите, пензионерите заслужуваат зголемени пензии, неопходно е намалувањето на даноците, а младите до 29 години заслужуваат да не плаќаат персонален дaнок.
Битола добива нови инвестиции и нови работни места.
Обновата на 12 април да ја започнеме ЗАЕДНО, тоа и го должиме на Битола, тоа секој од нас го должи пред себе, им го должиме на нашите деца, на идните генерации.Заедно, за обнова на 12 април“ рече Стефани Најденовска, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Share.