ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ ЗА ПРОСЛАВАТА НА РЕК БИТОЛА

Потпретседателот на битолската ВМРО ДПМНЕ Горан Исков на прес конференција рече дека РЕК Битола прославувате четириесет години, а се обврзале дека по четири години ќе го затворат.

„Честитките за четириесетгодишниот јубилеј исклучиво треба да бидат испратени на ваша адреса за “храброста” и “лудоста” да си играте власт и да се нарекувате менаџерски тимови на ЕСМ И РЕК Битола. Нема бегање од вистината според која секој човек, би требало сам најдобро да се познава.

Оттаму, не е ни чудно што криете од граѓаните какво погонско гориво користите за работа на блоковите, кој е соодносот на јаглен и мазут, кој го контролира и со каков квалитет е мазутот?

Кажете им на битолчани колку го зголемивте загадувањето со замената на јагленот со мазут.

Екоцид – тоа е вашето бандитско “знаење и умеење”.

И еве јубилејно наместо честитка до Вас, самонаречен менаџерски тим, јавно обзнануваме дека ќе поднесеме кривична пријава за безмилосно загадување на животната средина и крајно неодговорното однесување кон човечките животи“ рече Исков.