ВМРО ДПМНЕ за работењето на „Стрежево“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска ОК на ВМРО ДПМНЕ одржа прес конференција на која зборуваа за работата на ЈП „Стрежево“.

„На локално ниво, граѓаните секојдневно се сведоци на неспособноста и лошото водење на институциите од СДСМ, а ситуацијата очајна и во ЈП Стрежево. Зошто во услови на конкуренција, од повеќе пријавени економски оператори директорот на ЈП Стрежево, последните две години сите ги елиминира, а електронската аукција ја резервира и фаворизира само еден економски оператор, а станува збор за највредниот тендер со вредност од 10 милиони денари. И криминалното работење во ЈП Стрежево не завршува тука. Во ова ЈП се носи нова систематизација на работни места, без претходно да биде направена и одобрена функционална анализа. Јасно се поставува прашањето, дека ваквата постапка и прекршувањето на законите не е ништо друго туку само обид да се заштитат нивните партиски кадри пред поразот на 12 април. За успешното управување со ова ЈП од кадрите на СДСМ, се поставува и прашањето зошто Рибникот во своето петнаесетгодишно постоење последниве две години ги бележи најслабите резултати. Дали постои закана Битола да остане без вода за земјоделците во Пелагонија, ако фактите зборуваат, дека акумулацијата има околу 40 милиони метри кубни вода, како резултат повторно на лошото работење во претходната сезона? И овде не застанува волунтаризмот и упропастувањето на фирмата, без никакво стеснување и вистинска потреба се прави вулгарна партизација. Во ЈП Стрежево се вработени претседателите на месните организации на СДСМ во Црнеец , Лопатица и Жабени.  И овде не запираат, туку и во последните денови од нивното владеење ги поткупуваат и манипулираат своите партиски членови, нудејќи им договори за вработување до завршувањето на изборите“ рече Бојан Бојковски секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Share.