Неодамна објавените резултати од Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата, се поразителни за сите професионалци и креативци во областа на културата, рече на прес конференција, Ирена Димовска-Митревска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.
„За жал суштинска практика на СДС е да се сервисираат финансиски и логистички нивните партиски здруженија и поединци. Ваква програма прави само министер кој се подготвува за заминување!
И оваа година програмата на Министерството за култура не донесе ништо друго туку само обесхрабрување и разочарување за вистинските уметници или култура без стратегија, односно квази култура по партиска нарачка.
Министерке, Бисера, Битола не е „мал град“, но е доволно мал да се познаваме едни со други, особено оние кои делуваат во најблагородната општествена сфера – културата.
За жал министерке, оддалеку е видлив клиентелизмот, имповизациите и приватните ситно профитерски шеми.
Затоа прашуваме:
Дали назначената претседателка на комисијата за интердисциплинарнa дејност, освен што е истакнат активист на СДСМ е и член на Управниот одбор на МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Битола, па дали тоа не е конфликт на интереси ?
Во оваа дејност се доделени 656.000 денари за проектот „Битола отворен град 2024“ во организација на истиот тој МКЦ.
За заедничкиот именител на „Здружението на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, „Друштво за производство, трговија и услуги ТРИЧЕТВРТИ увоз-извоз ДООЕЛ“ и Сташа Божиновска, сите од Битола, очигледно ќе мораме ние да ја информираме македонската јавност дека се работи за лице кое е директно врзано со најблискиот соработник во кабинетот на Костадиновска Стојчевска, а позади овие проекти стојат имињата на неговата ќерка, сестра и вработена и прва соработничка во неговата фирма.
Уште еднаш да потсетиме дека наведените проекти се финансирани од министерството за култура со преку 2.000.000 денари.
Немаме илузија да очекуваме, дека нашата сограѓанка, министерката Костадиновска после овие реакции самата ќе ја повлече оваа програма, се потврди дека таа нема никаков однос кон културна Битола, кон нејзината традиција и цивилизациски вредности.
Затоа и политиките на Костадиновска, политиките на нејзината СДС ќе бидат силно поразени на претстојните избори во Битола.
Во културата никогаш не било полошо како што е сега со оваа власт на ДУИ и СДС. Важно е оваа власт да биде поразена“, рече таа.












